spot_img

МЕ: Преку заедничка промоција на туристичките потенцијали на двете земји до поголем број на туристи

МинистерстваМЕ: Преку заедничка промоција на туристичките потенцијали на двете земји до поголем...

Најчитано

Во рамки на посетата на Тирана, министерот Бектеши се сретна и со министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Кумбаро. На средбата министерот Бектеши и Кумбаро разговараа за важноста на соработката во областа на туризмот меѓу двете земји, која од година во година е се поголема.

“Бројот на туристи од Албанија кои ја посетиле Република Македонија во 2021 година во однос на истиот период од претходната година е зголемен за 67%.Нашите две земји се посветени на унапредување на меѓусебната соработка во областа на туризмот„ истакна министерот Бектеши на средбата со министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Кумбаро.

Министерот Бектеши и Кумбаро оценија дека треба да се интензивира размената на кадри од туристичката економија, за да се зголеми бројот на туристи од Албанија во Северна Македонија и обратно.

„Потребно подобро запознавање со туристичките потенцијали на двете земји, а потребно е да се интензивира размената на кадри од туристичкото стопанство, размена на експерти, одржување на семинари, зголемување на пропагандните активности со промовирање на нашата туристичка понуда, размена на претставници од средствата за јавно информирање, размена на видео записи за убавините и туристичките можности на двете земји, преку учество на симпозиуми, семинари и други туристички пропагандни и научни манифестации од оваа област. Се надеваме дека и ова година, туристичка сезона ќе биде успешна за двете земји„ нагласи министерот Бектеши.

Во меѓу време, утре министерот Бектеши утре ќе учествува на Економскиот форум во Тирана, во панелот – “Енергетската политика во Албанија-Постигнување на енергетска независност и издржливост во меѓународната енергетска криза”.

 

 

 

 

Извор: Министерство за економија

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе