spot_img

МТВ: После 4 децении го реконструираме патот Сопотница – Железнец

МинистерстваМТВ: После 4 децении го реконструираме патот Сопотница - Железнец

Најчитано

Тоа што пред неколку месеци го ветивме со директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, денеска се реализира. Започнавме со рехабилитација на патниот правец од Сопотница до Железнец, барање на жителите од ова демирхисарско населено место, истакна министерот Бочварски при увид во реконструкција на делницата Сопотница – Железнец, дел од регионалниот пат Битола – Кичево.

 

Инвестицијата е со вкупна вредност од 127 милиони денари, а се реализира во соработка со ЈП за државни патишта и ЈП за одржување на регионалните и магистрални патишта.

„Дадовме збор пред граѓаните и драго ми е што денеска сме повторно тука во Сопотница, заедно со директорот Ацевски и пратеничката МАРИЈА да извршиме увид на овој толку важен патен правец за жителите на општина Демир Хисар. Во овој момент се поставува нов асфалт, така како што им ветивме на жителите, очекуваме оваа градежна сезона да продолжиме со рехабилитација и на другите патни правци предвидени во годинешната програма,“ изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

 

„Активностите на терен се одвиваат исто како што се договоривме со жителите од Сопотница, со рехабилитацијата на овој пат ќе се овозможи побезбеден сообраќај на оваа делница, како и подобри услови за мештаните,“ изјави директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, Костадин Ацевски.

За Демир Хисар и за жителите од Сопотница ова е од огромно значење за локалниот живот, потенцираше Марија Кочовска, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија. Таа истакна дека оваа реконструкција се прави прв пат после 1976 година.

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе