spot_img

МТВ: Реџепи – Создаваме подобри решенија за олеснување на процедурите во геодезијата

МинистерстваМТВ: Реџепи - Создаваме подобри решенија за олеснување на процедурите во геодезијата

Најчитано

Заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи  учествуваше на семинарот на тема: „Нови технологии и добри практики во геодезијата“ во организација на Совет на Геодети на Европа.

“  Најпрво Ви благодарам на поканата за присуството на оваа стручна дебата во време кога се наоѓаме во фаза на спроведување на најважната реформа во дејност Градежништво. Посебно сега кога имаме задача да одговориме на сите надворешни ценовни шокови кои силно влијаат на целокупната дејност. Пред нас е предизвикот да ги спроведеме сите реформи, да прифатиме нови методи и пракса за да може да воведеме високо ниво на професионалност и стандардизација  на нормите. Политиката што ја води оваа Влада во делот на градежното земјиште и урбанизмот е во насока на креирање нови законски решенија со кои сметаме дека ќе се олеснат постапките за работа на сите субјекти, вклучувајќи ја и геодетската дејност“ истакна Беким Реџепи заменик министер за транспорт и врски.

Во неговото обраќање тој потенцираше за придонесот на државните институции за креирање на квалитетни политики во геодетската дејност.

“Агенцијата за катастар веќе е во фаза на изготвување на предлог законско решение со што се врши издвојување на геодетската дејност, надлежноста и организација на приватниот гоедетски сектор во посебен закон. Веруваме дека наскоро заеднички вие како стручна фела и ние како институционални органи ќе донесеме квалитетно законско решение за да го подигнеме квалитетот на работата на Геодетите.Тоа што за нас е важно е вашиот придонес во креирање на политиките во дејноста што ја застапувате. Верувам дека овој собир од  домашни и меѓународи професионалци има за цел да понуди нови модели на работа, да ги зајакне капацитетите и ресурсите во вашата дејност за да обезбедат услови на континуитет на градежна експанзија во земјата“ истакна Реџепи.

Заменик министерот Реџепи упати честитки до Комората на Здружението на трговци за геодетската работа за организирање на манифестацијата која се очекува да понуди нови решенија за имплементација. Тој додаде дека министертството е во фаза на донесување на нов закон за градење со кој ќе се стимулира просторниот и економскиот развој на државата.

 

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе