spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Координативен состанок на Советот за социјална заштита

Ѓорче Петров: Координативен состанок на Советот за социјална заштита

Во општина Ѓорче Петров се одржа прв, координативен состанок на Советот за социјална заштита.

Утврдено беше раководството, Советот и Деловникот, а се договорија и насоките на делување во областа социјала за периодот што следува. Ќе биде изготвен план кој треба да содржи мапирање на социјалните проблеми и ранливите групи, анализа на капацитетите и расположливите социјални услуги, како и специфичните потреби за развој на социјалните услуги во општината.

Врз основа на планот ќе биде изготвена и годишна програма.

Советот го сочинуваат вработени од општината, но и претставници од релевантни институции од подрачјето на Ѓорче Петров.

 

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...