spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Продолжува чистењето на кејот на реката Вардар

Град Скопје: Продолжува чистењето на кејот на реката Вардар

Екипите на ЈП Улици и патишта деновиве го чистат делот на кејот на река Вардар од пешачкиот мост кај населбата Злокуќани кон хотелот „Александар Палас“ и со тримери ја сечат обраснатата вегетација од косините на овој потег.

Досега се исчистени деловите од Железниот мост во Влае до мостот кај хотел „Александар Палас“. Активностите се одвиваат од двете страни од кејот, исто така исчистен е просторот од мостот „Обединети Нации“ до Железниот мост во Влае, како и делот кај „Желениот мост“  до објектот на ТВ Канал 5.

Во наредниот период продолжува интензивното сечење на обраснатата вегетација на кејот на реката Вардар, согласно Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2022 година.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Мицкоски: Нов спортско рекреативен центар „Бранители“ во Бутел

0
Добар ден и од мене, Благодарност до градоначалникот на поканата да бидам дел од еве и официјалното отворање на овој преубав спортски комплекс овде во...