spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПокачувањето на платите на универзитетските професори е планирано во Буџетот

Покачувањето на платите на универзитетските професори е планирано во Буџетот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на новинарско прашање одговори дека покачувањето на платите на универзитетските професори е веќе планирано во буџетот и тоа од месец септември.

„Го видов писмото од универзитетските професори и контактирав со нив и ги информирав дека покачувањето на платите е предвидено во Буџетот од септември. Точно е дека во целиот образовен сектор треба да се покачат платите и доколку го погледнете буџетот во тој дел ќе видите дека од година во година се зголемува износот во однос на платите во високото образование“, истакна премиерот Ковачевски.

Ковачевски уште додаде дека, освен за платите, има раст и за инвестициите во образованието и науката.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Шукова – Со инвестирање во крупни капитални проекти за подобрување...

0
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на општина Валандово...