spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Меморандум за соработка со даночната управа на Република Хрватска

УЈП: Меморандум за соработка со даночната управа на Република Хрватска

Директорите на Управата за јавни приходи на Република Северна Македонија и Даночната управа на Република Хрватска, Сања Лукаревска и Божидар Кутлеша вчера во Загреб, потпишаа Меморандум за соработка. Делегацијата беше придружена и од амбасадорот на Р.С.М во Хрватска, Милаим Фетаи.

Директорката на УЈП, Лукаревска истакна дека овој Меморандум е од големо значење за нашата држава.
„Ова е прв Меморандум кој се потпишува со земја членка на Европската Унија а со кој ќе се овозможи размена на најдобри искуства и практики. Со овој документ ќе се зајакне меѓусебната соработка, ќе ги унапредиме односите не само помеѓу двете институции, туку и помеѓу двете држави. Оваа соработка ќе влијае и во намалување на бирокрастките процедури. – истакна директорката на УЈП, Лукареска.

Директорот на Даночната управа на Република Хрватска, Божидар Кутлеша појасни дека со овој Меморандум, уште повеќе се зајакнуваат односите и соработката на двете земји.
„ Од овој Меморандум бенефит ќе имаат и двете институции, но и граѓаните. Со Меморандумот се предвидува соработка во области од делокругот на работењето на двете даночни администрации, ќе се овозможи размена на искуство, трансфер на знаење, подобрување на работењето на двете даночни управи, поттикнување на доброволна усогласеност. – појасни директорот Кутлеша.

Управата за јавни приходи и во следниот период ќе продолжи со потпишување на ваков вид на Меморандуми за соработка, се со цел зголемување на соработката со даночните администрации во регионот и пошироко.

 

 

Извор: Управа за јавни приходи

Прочитајте

Џафери – Лапсли: Северна Македонија е ценета членка на Алијансата која...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, вчера попладне се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и...