spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Преку Програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството исплатени над...

АФПЗРР: Преку Програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството исплатени над 11 милиони денари

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралнот развој денес преку програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството исплати 719 корисници со сума од 11.978.631,00 денари.

Првиот човек на АФПЗРР Бачовски информира :

“ Ова е втора по ред исплата по основ субвенција за набавено вештачко ѓубриво кое финансиски се поддржува преку Интервентниот фонд. Веќе имаме над 1800 производители на пченица, пченка, јачмен и сончоглед кои се поддржани со 27 милиони денари.”

АФПЗРР и во наредниот период продолжува со имплементација на мерките од интервентниот фонд. Грижата за земјоделците останува во нашиот фокус, а крајната цел е зголемено домашно земјоделско производство.

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...