spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Билатерална средба на министерот Тупанчески на регионалната конференција во Шибеник со...

МП: Билатерална средба на министерот Тупанчески на регионалната конференција во Шибеник со министерот за правда на БиХ, Грубеша

Во рамките на Регионалната конференција во Шибеник, Република Хрватска, двајцата министри изразија задоволство од одличната соработка меѓу двете земји во делот на примената на повеќе билатерални договори со кои е целосно регулирана меѓународната правна помош меѓу двете држави.

Министрите за правда ја нагласија досегашната соработка како значајна основа за проширување и подобрување на рамката на истата меѓу двете земји преку активности на размена на искуства и најдобри пракси во повеќе области од надлежност на министерствата, а особено во делот на подготовката на националните стратешки документи и обезбедувањето имплементација на активностите предвидени со реформските процеси со правосудствата на РСМ и БиХ.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...