Вчера заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи оствари средба со генералниот директор на воздухопловните власти на Република Чешка, Јан Клас.
Со Јан Клас разговаравме за состојбата на воздушниот сообраќај во Европа како и можностите и начините на развој на воздушниот сообраќај и со тоа и во Република Северна Македонија, истакна заменикот Реџепи.
Министерството за транспорт и врски ја претставува земјата како рамноправен член на Постојаната комисија на Еуроконтрол. Комисијата е одговорна за одобрување на годишниот буџет на Еуроконтрол, финансиските правила, утврдување на политиките на Еуроконтрол а исто така е одговорна за назначувањето на генералниот директор.
Република Северна Македонија, како рамноправна членка на Еуроконтрол, е целосно посветена на безбедноста на воздушниот сообраќај на авиокомпаниите и граѓаните.