Агенцијата за млади и спорт организираше прием за претстваници на „Меѓународната организација на франкофонијата“.
„Меѓународна организација на франкофонијата“, е составена од голем број на држави, земји и региони на сите пет континенти во светот, меѓу кои и нашата, кои го користат францускиот јазик како национален, службен, работен и во меѓународните комуникации.
Членството во Франкофонијата, се заснова пред сè, врз прифаќањето на темелните принципи и вредности на оваа Организација што соодветствуваат и со европските определби: залагање за мир во светот, демократија, човекови права, рамномерен и одржлив развој, образование, обука, наука и истражување, млади и спорт, нови информатички технологии, афирмација и заштита на културната и јазичната разновидност и солидарност.
Агенцијата за млади и спорт, како највисоко владино тело за млади и спорт останува отворена за соработка, а истовремено доби покана за учество на конференциите во организација на Франкофонија.
Покрај поттикот за негување на историската традиција и присуството на францускиот јазик кај нас, членството во Франкфонијата го гледаме како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство, како и на сите вредности на современото македонско општество – мирот, демократијата, толеранцијата и солидарноста. Тоа се всушност темелните вредности на Франкофонијата.
Извор: Агенција за млади и спорт