spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Уште една европска бронза во карате

АМС: Уште една европска бронза во карате

-„Наредниот медал ќе биде злато“, рече освојувачот на единствениот медал за Северна Македонија на Европското карате првенство за сениори во Газиантеп во Турција, Петар Спасеновски, на прес конференцијата во Агенцијата за млади и спорт.

Во борбата за бронзениот медал Спасеновски со 2-0 славеше против домашниот каратист Оз Мурат , а победникот беше решен во самиот финиш.

-Уште еднаш каратистите ја претставија Северна Македонија во најдобро светло и докажаа дека има иднина во младите карате натпреварувачи, а Карате федерацијата е на прав пат, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Шанса за медал имаше и македонската репрезенативка Вероника Костовска која изгуби во борбата за бронза од  Французинката Лаура Сиверт, и заврши на одличното пето место.

За почит е и одличното седмо место за младиот машки ката тим.
Агенцијата за млади и спорт, согласно правилникот, ги категоризира успесите на освојувачите на бронзениот медал  Петар Спасеноски, како и петото место на Вероника Костовска.

На пресот свои излагања имаа и селекторот во борби, Александар Кузмановски и Стојан Андриевски во кати.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...