spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: ИПА Твининг проект „Подобрување на наплатата на приходите, даночната и царинската...

УЈП: ИПА Твининг проект „Подобрување на наплатата на приходите, даночната и царинската политика“

Директорката на Управата за јавни приход Сања Лукаревска, учествуваше на настанот на кој беа презентирани резулатите од ИПА проектот „Подобрување на наплатата на приходите, даночната и царинската политика“.

Настанот го отворија Амбасадорот на Република Австрија во Република Северна Македонија Н.Е Георг Вуцас, и Амбасадорката на Република Хрватска Н.Е Нивес Тигањ, а свое излагање за Твининг проектот имаа и раководителот на одделот за соработка при ДЕУ во РСМ г-дин Штефен Худолин, заменик министерот за финансии Филип Николоски, директорката на УЈП Сања Лукаревска и директорката на Царинската Управа Славица Кутиров.

Директорката Лукaревска, истакна дека преку ваквите проекти се зајакнуваат капацитетите на Управата, се овозможува модернизација на процесите, а се создаваат и услови за зајакнување на односите на институциите, и на земјите кои се дел од овој проект. Ова како што појасни Лукаревска, е од огромно значење не само за УЈП туку и за државата.

“Да се добие „Know-how“ е можеби највредно нешто, затоа што на тој начин, не само што се јакнат капацитетите, туку се добиваат и најдобрите практики во однос на даночното администрирање, прилагодувања кои треба да се направат во делот на законодавството. Преку ваквите проекти и потпишување на документи за меѓусебни соработки овозможивме размена на искуства, намалување на бирократските процедури, како и поттикнување на доброволна усогласеност. Проектот овозможи вработените да добијат ново знаење и практики во делот на најнови начини на превенција и јакнење а на даночното управување за администрирање на даночните приходи и придонеси, имплементација на БЕПС, зајакнување на капацитетот на Контакт центарот. На ваков начин се доближуваме до даночните обврзници, овозможуваме поголема транспарентност во работењето, се прилагодуваме на трендовите и ризиците кои произлегуваат со е – Tрговијата, се јакнат човечките ресурси, се добиваат нови знаења кои ќе се применат преку даночната академија.“- истакна Лукаревска.

Амбасадорите на Република Австрија во Република Северна Македонија Н.Е Георг Вуцас, и Амбасадорката на Република Хрватска Н.Е Нивес Тигањ, истакнаа дека и покрај тоа што поради пандемијата проектот целосно се реализираше он – лајн, тие се задоволни од постигнатите резултати.

„Од исклучително значење и важност е да се има напредни и унифицирани даночни администрации и токму тоа е целта на овој проект..“ – истакна Амбасадорот Георг Вуцас. Амбасадорката Тигањ, појасни дека тие како земја ќе продолжат со соработката и на тој начин директно ќе влијаат на модернизација на капацитетите на даночната и царинската администрација во земјава.

ИПА Твининг проектот „Подобрување на наплатата на приходите, даночната и царинската политика“, е под покровителство на Европската Унија, а во соработка со австриското и хрватското министерство за финансии. Истиот започна да се спроведува од јануари 2020 година и неговата реализација се одвиваше он – лајн. Иако ваквиот начин на активности не е својствен за вакви проекти, сите учесници во проектот дадоа максимален придонес за неговата реализација и истиот од канцеларијата на Европската Унија беше посочен како еден од најуспешните проекти. Проектот е поделен на 4 компоненти и тоа компонента за хармонизирање на законодавство во областа на оданочување и царини со законодавството на ЕУ, стандардите на ЕУ и праксите според легислативата на земјите членки на ЕУ, компонента за спроведување на анализи и предвидувања на даночната политика, компонента за царина и компонента за даноци.

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи 

 

 

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...