Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски приреди прием на членовите на ФК Гроздановски, кои го освоија шампионското место во Македонија со генерациите 2009 и 2013, на финалните натпревари од ФФМ Детска лига за сезона 2022 година.
Градоначалникот им ги честиташе големите успеси на младите фудбалери од Илинден и им посака многу шампионски титули да освојуваат и во иднина, а од локалната самоуправа ќе ја имаат поддршката.
Од ФК Гроздановски информираат дека за прв пат стануваат шампиони на Македонија и тоа со две генерации. Генерацијата 2009 година за титулата го помина најтешкиот пат и сите квалитетни противници. Додека генерацијата 2013 доста уверливо и доминантно на сите натпревари низ сезона ја освои оваа титула. На крајот младите фудбалери ги собрале и сите индивидуални титули. Од генерацијата 2009, Јован Ангеловски е прогласен за најдобар голман, Лука Лазаревски за најдобар стрелец. Од генерацијата 2013 за најдобар голман е прогласен Никола Петковски а за најдобар стрелец Петар Ацевски.
Извор: Општина Карпош