spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Итна и брза интервенција на службите од Град Скопје за...

Град Скопје: Итна и брза интервенција на службите од Град Скопје за санација на ударната дупка на мостот пред Маркова Река пред Драчево

Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје во текот на изминатата ноќ поставија светлосна сообраќајна опрема и ја обезбедија големата дупка која се појави на мостот кај Маркова река пред скопската населба Драчево.

Инспектор за сообраќај има извршено увид и констатираше оштетување, а пријавата беше проследена во најкус можен рок, со цел екипите на Улици и патишта да можат денеска навремено да ја обезбедат истата.

Како итно решение на местото на оштетувањето, во асфалтот ќе се интервенира со поставуање на две челични плочи со должина од три метри и широчина од два метри како привремено решение, а во наредните денови во согласност со увидот од стручните лица ќе се работи на изнаоѓање на конечно решение и санација на овој мост кој е стар повеќе од 40 години.

Градот Скопје апелира да се избегне движење на тешки товарни возила, со цел да се избегнат дополнителни оштетувања, со цел да не се предизвика поголема опасност за безбедноста на возилата и граѓаните кои поминуваат на овој потег.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...