spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Стипендии за летна школа за управување во Фиренца

МОН: Стипендии за летна школа за управување во Фиренца

Европската и транснационална мрежа за управување (ETGN) во соработка со Институтот на Европскиот Универзитет (EUI) од Фиренца, Италија, доделува 5 стипендии за летнaта школa за агилно управување за кандидати од Западен Балкан и Европските соседни земји (ENP).

Во период од 4 до 7 јули 2022 година, на ЕУИ Школата за транснационално управување во Фиренца  ќе се одржи првата летна школа за агилно управување. Право на учество имаат – креатори на политики на сите нивоа на управување; високи и средно-кариерни државни службеници; персонал во корпорациите кои ги доставуваат јавните услуги;  адвокати и економски консултанти во рана и средна кариерна фаза; персонал во технолошки претпријатија кои развиваат алатки за управување како и истражувачи кои се фокусираат на технологијата и управувањето.

Краен рок за аплицирање за стипендија е 5 јуни 2022 година. Подетални информации на линкот: https://www.eui.eu/Documents/School-of-Transnational-Governance/Web-2022/ETGN-Summer-School-Scholarships.pdf

Европската и транснационална мрежа за управување (ETGN) обединува 7 престижни европски академски и истражувачки институции, кои нудат можности за продлабочување и проширување на знаењата и компетенциите во европското и транснационалното управување.

Сите подетални информации за програмата и начинот на аплицирање можете да ги најдете на линкот: https://www.eui.eu/apply?id=etgn-summer-school-on-agile-governance#fees.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

 

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....