spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Инклузијата на децата роми во градинките ја зголемува нивната социјализација и...

Центар: Инклузијата на децата роми во градинките ја зголемува нивната социјализација и интеграцијата во општеството

Образованието во раното детство ја има клучната улога во развојот на децата и носи позитивни социо-економски ефекти врз целото општество. Општина Центар која како партиципиент во проектот на „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки“, од МТСП од 2011 години обезбедува инклузивно образование за 20 дечиња во општината.

Станува збор за дечиња од 3 до 6 години кои доаѓаат од згрижувачки семејства или приматели на социјална помош на кои општината им ги покрива месечните трошоци за посетување на градинката Ј.У.Д.Г. на О.Ц. Раде Јовчевски Корчагин.

„Општина Центар преку учество во овој проект сака да ги отстрани бариерите за пристапот на децата Роми до предучилишните установи, да ја зголеми социјализацијата и да го намали јазот помеѓу Ромите и останатите етнички заедници во делот на образованието. Особено е важно да ја разбудиме свеста и кај родителите на децата Роми и да ја истакнеме важноста за раниот детски развој и подоцнежното образование како единствена алатка за успешна интеграција во општеството“, истакна Герасимовски.

Герасимовски исто така истакна дека особено е важно што децата Роми воспитно образовниот процес го следат интегрирани заедно со другите дечиња кои ја посетуваат градинката.

Општина Центар ќе продолжи да ги подржува проектите за инклузија и еднаков пристап до воспитно-образовниот процес.

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....