spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Меморандум за соработка со даночните администрации во Западен Балкан

УЈП: Меморандум за соработка со даночните администрации во Западен Балкан

Директорите на даночните администрации на Република Северна Македонија, Сања Лукаревска, на Р. Србија, Драгана Марковиќ, и Р.Албанија, Цено Клоси во Охрид, во рамки на „Самитот Отворен Балкан“, потпишаа Меморандум за соработка на даночните администрации во Западен Балкан.

 

Целта на овој Меморандум е продлабочување на соработката, унапредување на меѓусебните односи, развој и размена на искуства во приоритетните области на даночните институции. Соработката во рамки на „Отворен Балкан“ е можност за поврзување на регионот, заедничка борба против фискалната евазија, како и примена на напредни методи за наплата на приходите, трансфер на знаење и размена на најдобрите практики и искуства. Даночните администрации на трите земји, заеднички ќе работат на воспоставување на услови за намалување на бирократијата со цел даночните обврзници да ги почувствуваат придобивките од слободниот проток на капитал, стоки, услуги и разни добра.

Преку ваквите соработки се отвораат можности и за подобрување на конкурентноста на компаниите, нови инвестиции, отворање на нови поголеми пазари а со тоа и раст и развој на бизнисите во регионот.

 

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте

МЗ: Се осовременува календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ,...

0
Почитувани, Министерот за здравство, д-р Илир Демири, заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, националната координаторка за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова, специјалната претставничка на...