spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Најдобрите практики и искуства со даночните администрации на Косово и Албанија

УЈП: Најдобрите практики и искуства со даночните администрации на Косово и Албанија

Управата за јавни приходи беше домаќини на даночниците од Косовската даночна администрација. Врз основа на регионалните настани за фискализација организирани од Меѓународниот монетарен фонд, а по барање на Косовската даночна администрација, на билатералната посета македонските даночници поблиску ги запознаа колегите од Косово со функционалностите на системот за фискализација, како и за повратот на дел Данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки и нивно скенирање преку апликацијата Мој ДДВ. Изминатиот период УЈП ги сподели најдобрите искуства и практики во оваа област на онлајн состанок и со даночниците од Албанија.

Преку ваквата регионална соработка, се овозможува дополнително јакнење на капацитетите на даночните администрации, се разменуваат искуствата и се споделува знаењето во областите од заеднички интерес, што пак ќе придонесе кон поттикнување на доброволна даночна усогласеност, како и откривање и борба против даночната евазија во државите. Управата за јавни приходи преку вакви билатерални средби ќе продолжи со споделување на знаење и со останатите даночни администрации.

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте

Мицкоски: Нов спортско рекреативен центар „Бранители“ во Бутел

0
Добар ден и од мене, Благодарност до градоначалникот на поканата да бидам дел од еве и официјалното отворање на овој преубав спортски комплекс овде во...