spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeЈавен секторЈСП: Јавен оглас за даватели на јавна услуга

ЈСП: Јавен оглас за даватели на јавна услуга

Врз основа на член 20-г од Законот за вработени во јавниот сектор, член 37-и од Законот за јавните претпријатија, како и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас за вработување и интерениот оглас за унапредување, начинот на поднесување на пријавата за вработување и унапредување, начинот на спроведување на селекцијата за вработување и за унапредување, како и начинот на бодирањето за давателите на јавни услуги на ЈСП СКОПЈЕ, Годишниот план за вработување на ЈСП СКОПЈЕ бр. 02-845/1 од 20.08.2021 година и Одлуката за утврдување потреба од работник за засновање на работен однос на неопределено време бр.02-799/1  од 08.06.2022  година, ЈСП СКОПЈЕ објавува:

Ј А В Е Н  О Г Л А С  бр. 3/2022

 

За вработување на даватели на јавна услуга во областа на комуналните дејности и на други дејности заради кои се основани јавните претпријатија од група III, подгрупа V во ЈСП СКОПЈЕ за следните работни места:

 

 

 

  1. КДР0305А03181 Помошник раководител на сектор продажба во Сектор за продажба – (1) извршител

 

Општи услови:

–         да е државјанин на Република Северна Македонија,

–         активно да го користи македонскиот јазик,

–         да е полнолетен,

–         да има општа здравствена способност за работното место и

–         со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност  или  должност.

 

Посебни услови:

–         Стручни квалификации: најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, економски науки или организациони науки и управување (менаџмент)

–         активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, преку приложување на потврда,

–         познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

 

Потребно работно искуство:

–         најмалку две години работно искуство во струката, од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор;

 

Почеток и завршеток на дневно и неделно работно време и распоред на работното време:

–         Работното време е флексибилно  и почетокот на работното време се организира меѓу 07:30 и 08:30 часот, а завршувањето меѓу 15:30 и 16:30 часот. (пауза од 11,00 до 11,30 часот) со дневно работно време од 8 часа во петденвна работна недела.

–         Полното неделно работно време  изнесува 40 часа.

–         Неделниот одмор се користи  во сабота и недела.

 

Ø  Паричниот износ на основната нето плата изнесува: 33.998,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2022 година се: Македонец(ка) 1.

 

Рок за пријава: рок за доставување на пријава за вработување е во рок од 15 дена од денот на објавување на  огласот  на интернет страницата на претпријатието и дневните весници.

Ø  Пријавите за вработување се пополнуваат на образец изготвен од страна на институцијата која го објавува огласот, истите можат да се прибават од Архивата на ЈСП СКОПЈЕ и на веб страната www.jsp.com.mk и пополнети се доставуваат во Архивата на ЈСП СКОПЈЕ на адреса Бул. Александар Македонски бр.10 Скопје, контакт телефон 070 249 997– Одделение за управување со човечки ресурси.

Со пријавите по огласот кандидатите треба да достават:

–         Уверение за државјанство (копија);

–         Диплома за завршено образование (заверена на нотар);

–         Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, преку приложување на потврда;

–         Познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);

–         Да има општа здравствена способност за работното место;

–         Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

Ø  Изборот на кандидати ќе се врши на следниов начин, доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот на кандидати се врши во рок од 60 дена, од 201 до 500 кандидати од 90 дена, над 500 кандидати од 120 дена по истекот на рокот за пријавување.

 

Постапката за селекција за вработување на давателите на јавни услуги во претпријатието се состои од  две фази и тоа:

Фаза 1 – Административна селекција која опфаќа проверка на внесените податоци во пријавата со

условите утврдени во јавниот оглас и проверка на приложените докази во пријавата;

Фаза 2 – Интервју.

                ПРИЈАВА

 

 

 

 

 

Извор: ЈСП Скопје

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...