spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Работна средба на министерот Сали на Стоматолошкиот факултет

МЗ: Работна средба на министерот Сали на Стоматолошкиот факултет

-Континуираното инвестирање во образованието и здравството придонесува за квалитетни здравствени работници, подготвени за пазарот на трудот и за унапредување на здравствениот систем, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали на работниот состанок со ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј’’, проф. д-р Никола Јанкуловски, со деканот на Стоматолошки факултет, проф. д-р Ќиро Ивановски и Ариан Даци, директор на Стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“.

-Со реализираните инвестиции на Стоматолошкиот факултет овозможени се потребните услови за практично спроведување на наставата, што е посебно значајно во високото образование, истакна д-р Сали.По состанокот, министерот ги посети клиничките сали за практична настава во рамки на Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“ и новонабавената опрема, која е во функција на наставната, научната и применувачката дејност на Стоматолошки факултет.

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...