spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Министерот Тупанчески во посета на затворот Куманово, Основен суд Куманово и...

МП: Министерот Тупанчески во посета на затворот Куманово, Основен суд Куманово и ОЈО Куманово

Министерот за правда Никола Тупанчески завчера беше во работна посета на Куманово. За време на посетата во затворот Куманово, Тупанчески беше информиран од директорот  Ненад Цветковиќ за состојбата во оваа казнено поправна установа, условите на издржување затворска казна, проблемите со кои се соочуваат вработените.

Станува збор за установа од полуотворен вид со капацитет од 250 лица во чии рамки функционира и отвореното одделение во Крива Паланка. Министерот Тупанчески се сретна и со претседателот на Основниот суд Куманово, Снежана Манев а го посети и ОЈО каде разговараше со Основниот јавен обвинител Теута Бедиу Рамадани.

На средбите министерот беше информиран за состојбите во овие институции а на вработените им беше порачано дека Министерството за правда преку реформите во судството се грижи за унапредување на нивните права . Доказ за тоа е сетот од 4 закони кои Владата неодамна ги усвои а со кои се зголемуваат платите за 15%.

 

 

 

 

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...