spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Социјалните претпријатија создаваат еднакви шанси за сите граѓани и придонесуваат кон...

МТСП: Социјалните претпријатија создаваат еднакви шанси за сите граѓани и придонесуваат кон намалувањето на сиромаштијата за најранливите

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин ја отвори Конференцијата за поддршка на социјалните претпријатија наменета за промоција на социјалното претприемништво пред приватниот сектор, притоа искажувајќи искрена заложба за развој на социјалната економија и поддршката што е потребна за развој на социјалното претприемништво.

Според Хусејин, вложувањето во развој на еко-системот за социјални инвестиции подразбира креирање култура за социјални инвестиции, пилотирање на иновативни финансиски инструменти, но и други ресурси и можности за финансиска поддршка за социјалните претпријатија.

 

Заменик министерот Хусејин, осврнувајќи се на Националната Стратегијата за социјалните претпријатија, истакна дека таа ги поставува основните постулати за развој на социјалните претпријатија, нивната препознатливост во општеството и мерки за нивна економска одржливост.

“Националната Стратегија за социјални претпријатија е скицата на еко-системот кој го градиме како Министерство за труд и социјална политика во соработка со сите заинтересирани страни, вклучително донаторската задница, граѓанското сектор и институциите. Секако, имплементацијата на оваа стратегија е надополнета и со национален координативен механизам за следење на имплементацијата. Оваа есен ќе го подготвиме првиот извештај од спроведување на стратегијата и Акцискиот план”, рече заменик министерот Хусејин.

Говорејќи за социјалните претпријатија, заменик министерот за труд и социјална политика, потенцираше дека: ”Социјалните претпријатија создаваат еднакви шанси и создаваат еднакво општество, придонесуваат кон еколошки и економски развој, но и допринесуваат кон намалувањето на сиромаштијата за најранливите. Тие го помагаат економски раст, влијаат на социјалната кохезија и развојот на новите технологии”.

Заменик министерот за труд и социјална политика упати апел за вложување на, како што рече, сите наши расположливи ресурси и да ја подигнеме свеста за развојот на социјалното претприемништво во нашата држава.

На крајот од своето обраќање, Хусејин искажа благодарност за поддршката на Делегацијата на ЕУ и на  Амбасадата на Република Полска кои учествуваат во креирањето на можности за развој на социјалните претпријатија.

Покрај заменик министерот за труд и социјална политика, на конференцијата се обрати и Амбасадорот на Република Полска во Скопје, НЕ г. Војчек Тичински.

Начините за поддршка на компаниите на социјалните претпријатија, односно финансиските алатки ги презентирааа г-ѓа Барбара Садовска и г-ѓа Тереза Загродска, од проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“.

Социјалните претпријатија, како „Избор“, „Еднаквост“, „Мама органа“, „Ин Виво“ со своите излагања го приближија концептот до компаниите, нудејќи и начини за тоа како истите да се вклучат, било како инвеститори или инволвирајќи ги социјалните претпријатија во својот синџир на набавки.

Проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ е финансиран од ЕУ, а имплементиран од Ептиса, во конзорциум со Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...