spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири се обрати на Втората европска конференција за религиски дијалог и...

МОН: Шаќири се обрати на Втората европска конференција за религиски дијалог и соработка во Струга

Несомнено религијата има многу важна улога во глобализираното општество, иако кога се говори за глобализацијата генерално, најпрво секогаш се мисли на нејзиниот економски и политички контекст, како движење на капитализмот што се шири низ светот. Но, надвор од тој контекст, глобализацијата им овозможува на различните религии и култури да се поврзуваат едни со други и да ги споделуваат своите вредности, обичаи, традиции и така натаму. Од друга страна, ние сме целосно свесни и сме сведоци дека религијата силно влијае на меѓународните односи, на нашите општества и на нашите животи.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на отворањето на Втората европска конференција за религиски дијалог и соработка на тема „Односот меѓу религијата и глобализацијата: религискиот партикуларизам наспроти религискиот универзализам“, што од денес се одржува во Струга, а ја организира Центарот за интеркултурни студии и истражувања.

Шаќири изрази задоволство што конференцијата се организира токму во неговиот роден град, кој како што рече е одличен пример за мултикултурализам, во кој заедно живеат припадници на различни религии, споделувајќи ги своите вредности, сличности и разлики меѓу себе.

„Верувам дека учесниците на оваа конференција ќе можат и ќе имаат време да ја видат разноликоста на овој град во следните денови и ќе бидат воодушевени од хармонијата во која живеат граѓаните припадници на различни етнички и верски заедници“, рече Шаќири, додавајќи дека неговото обраќање ќе биде кратко, бидејќи како што рече, овој простор повеќе е наменет за експертите и истражувачите кои треба да ја елаборираат темата на конференцијата и да конструираат заклучоци кои ќе бидат интегрирани во политиките на државите од каде доаѓаат учесниците.

На конференцијата која ќе трае три дена, учествуваат претставници на институциите во повеќе европски земји, експерти, научно – истражувачки работници, претставници на академската фела и на верските заедници.

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...