spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Јавен водовод и јавна канализација, 2021 година

ДЗС: Јавен водовод и јавна канализација, 2021 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година во јавниот водовод биле зафатени и преземени 306 259 илјади м3 вода за снабдување, што е за 2.2 % помалку во однос на 2020 година.
Од вкупното зафатено
количество вода, најмногу вода е зафатено од изворски води, 65.6 %, а најмалку од езера 0.9 %.
Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2021 година било за 1.6 % повеќе во однос на претходната
година.
Според структурата на потрошувачката на вода, најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле
67.2 % од вкупната испорачана вода од јавен водовод.
Вкупното количество отпадни води во 2021 година било за 2.8 % поголемо во однос на 2020 година.
Од вкупното количество испуштени отпадни води во 2021 година, 62.0 % биле непречистени, а 38.0 % пречистен отпадни води.

Прочитајте

Мицкоски: Нов спортско рекреативен центар „Бранители“ во Бутел

0
Добар ден и од мене, Благодарност до градоначалникот на поканата да бидам дел од еве и официјалното отворање на овој преубав спортски комплекс овде во...