spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Искуствата од Јапонија ќе придонесат во процесите на дигитализација

МИОА: Искуствата од Јапонија ќе придонесат во процесите на дигитализација

Можностите за соработка беа во фокусот на денешната работна средба меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и амбасадорот на Јапонија Н.Е. Хиронори Савада.

Министерот го запозна амбасадорот со тековните проекти на МИОА и идните активности за унапредување на работата на администрацијата и дигитализацијата.

„Јапонија е традиционален пријател на Северна Македонија, а јапонските искуства во дигитализацијата и во другите области како една од најразвиените земји, се исклучително добредојдени“, истакна министерот Алити, заблагодарувајќи му се на амбасадорот.

Средбата помина во конструктивна атмосфера, при што беше изразена целосна поддршка за процесот на реформи на патот кон Европската Унија.

 

Извор:  Влада

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...