spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Исплатени се субвенциите за произведен и продаден тутун за реколта 2021

АФПЗРР: Исплатени се субвенциите за произведен и продаден тутун за реколта 2021

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурланиот развој на сметките на 17.087 корисници , исплати 1.276.178.716,00 денари за произведен и продаден тутун од реколта 2021 година. Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – Бачовски , информира дека станува збор за исплата на сите корисници на оваа подмерка кои правно законски ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка по оваа мерка.

„Средствата се веќе слеани на сметките на сите производители кои што произведениот тутун го предале во регистрираните откупни центри“ – информира Бачовски.

Се работи за висина на директни плаќања кои изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун , 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа произведен и предаден тутун од реколта 2021 година.

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

Мицкоски дециден: Ако има желба од ЕУ да сме дел од...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со работната посета на Брисел, средбите со челниците од Европската...