spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Министерот Сали учествуваше на отворањето на Конгресот на Федерацијата на албански...

МЗ: Министерот Сали учествуваше на отворањето на Конгресот на Федерацијата на албански лекари во Европа

Вчера министерот за здравство, д-р Беким Сали учествуваше на отворањето на Конгресот на Федерацијата на албански лекари во Европа.

Иако етничката одредница во медицината не е најважниот елемент, драго ми е што албански лекари се собраа околу едно вакво здружение и што со таква посветеност помагаат во унапредување на научните знаења од медицината, од кои сите имаат корист, потенцираше министерот Сали во своето обраќање.Според министерот, организирањето на Конгресот на Федерацијата на албански лекари во Европа денес во Скопје е нова можност да се слушне ново знаење, да се разменат искуства и да се решат проблемите кои во меѓувреме се појавија во здравството.

Да се ​​биде фокусиран на здравјето пост Ковид-19 е исклучително важно за нашиот здравствен систем. Затоа, Министерството за здравство и јас како министер, ја цениме оваа активност, а воедно Министерството е отворено и подаваме рака за секоја нова соработка што отвора нови перспективи, нуди иновации и овозможува квалитет, истакна министерот Сали.

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Мицкоски: Нов спортско рекреативен центар „Бранители“ во Бутел

0
Добар ден и од мене, Благодарност до градоначалникот на поканата да бидам дел од еве и официјалното отворање на овој преубав спортски комплекс овде во...