spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Трансплантација на крвотворни матични клетки од несроден донор од Македонскиот дарителски...

МЗ: Трансплантација на крвотворни матични клетки од несроден донор од Македонскиот дарителски регистер за коскена срцевина

На ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија беше извршена трансплантација на крвотворни матични клетки на пациентка со акутна миелобластна леукемија од несроден донор од Македонскиот дарителски регистер за коскена срцевина, известуваат од Клиниката.

-Се подигна квалитетот на јавното здравство и Република Северна Македонија влезе на мапата на светски и европски медицински центри за лекување на најтешките заболувања на крвта. ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија, во интерес на пациентите но и на државниот буџет, заштеди средства кои беа наменети за за лекување во странство во износ од 1.5 до 2 милиони евра годишно.Во изминатите 4 (четири) години се реализирани вкупно 216 трансплантации, истакна директорката Проф д-р Ирина Пановска Ставридис.

Од 2018 година во Македонија се прават трансплантација од несроден донор преку регистарот на дарители со кој е повразан со сите земји од светот. Многу важно да се приклучат повеќе граѓани во регистарот со цел да се зголеми можноста да се спаси живот на човек кој има хематолошко заболување, вели заменик министерот за здравство Доц. д-р Владимир Рендевски.

На настанот присуствуваше и раководителот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика Проф. д-р Александар Петличковски, под чие раководство се извршува ХЛА типизацијата за оваа комплексна трансплантациона процедура.

 

 

 

Извор: Министерство за здравство 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...