spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингЗапознајте ги Флора и Борче – едни од најуспешните вработени во ИутеКредит

Запознајте ги Флора и Борче – едни од најуспешните вработени во ИутеКредит

ИутеКредит е компанија која следејќи ги најдобрите практики на светско ниво постојано инвестира во усовршување на своите услуги и креирање на најдобро корисничко искуство за своите корисници. Истовремено, управувањето со човечки ресурси подразбира прибирање, селекција, развој, одржување, приспособување, насочување и користење на човечките потенцијали во согласност со целите на компанија, како и нивно наградување заради  постигнување на подобри работни перформанси на вработените и остварување на организациските цели.

Ви ги претставуваме Флора и Борче  – едни од најистакнатите вработени во компанијата кои споделуваат дел од нивните искуства во ИутеКредит, но и дел од своите интереси и она што сакаат да го прават надвор од работното време.

Флора Алими – Менаџер на експозитура ИутеКредит Тетово

  • Што најмногу те исполнува во твојата работа?

Најмногу ме исполнува тоа што моите вредности се усогласуваат со целта на мојата работа. Успешна и стабилна компанија со јасна визија и мисија, ориентирана кон иднината. Ја сакам мојата работа, секој резултат и секој успех ме прави среќна и мотивирана. Постојано барам начин на само-подобрување  за да дадам максимум за постигнување на заедничката цел. Убаво е чувството да си опкружена со позитивни луѓе, да те сослушаат, да покажат вистинска грижа, интерес, да те ценат како вработен.

  • Опиши се себе си со 3 збора …

Оптимист, дисциплинирана и одлучна.

  • Што правиш во твоето слободно време?

Слободното време е посветено на моето семејство и пријателите, ја сакам природата и возење велосипед, а хоби ми е играорна која поради обврски е ставена во “ фиока “ ?

  • На кој начин успеваш да го извлечеш најдоброто од твојот тим?

Посветувам време и енергија на обучување на тимот. Ги охрабрувам да се чувствуваат сигурни и видени, ги ценам и мотивирам. Заеднички постигнуваме резултати со максимална посветеност.

  • Кој е најдобриот дел од работата во ИутеКредит?

Дефинитивно тимот кој ме опкружува, но и самите клиенти кои веќе се дел од нашиот живот. Убаво е чуството кога можеш некому да му помогнеш, секојденевните пофалби те мотивираат уште повеќе да си ја сакаш работата и да си среќна на крај од еден успешен ден.

  • Која  е тајната формула за постигнатиот успех во работата?

Поставување на една цел, добро организирана работа и навреме планирана. Усогласена со тимот. Не се откажувам лесно, оптимист до крај. Неуспехот го гледам како научена лекција и продолжувам, ги прифаќам нештата што не може да се променат. Исполнување на своите задачи, целосно посветена и применување на моето долгогодишно банкарство искуство.

Борче  – Менаџер за продажба и раководење на експозитура ИутеКредит Струмица               

  • Што најмногу те исполнува во твојата работа?

Да се работи во компанија како Иуте Кредит е престиж. Иуте Кредит е компанија која е пример за успешност, тоа значи да работиш во високо интелектуална креативна и мотивирачка средина, почитување и грижа за секој вработен, можност за напредување, позитивна организациска култура, брзо функционирање, подршка и добивање брзи одговори и решенија во секоја ситуација, мисијата и визијата на компанијата…

  • Опиши се себе си со 3 збора…

Одговорен, позитивен, трудољубив

  • Што правиш во твоето слободно време?

Од понеделник до петок деновите се посветени на семејството и попладневна заедничка прошетка, спортски активности најчесто пешачење, како и читање книги, викендите се резервирани за поширокото семејство и пријателите и време поминато во забавa и смеа ?

  • На кој начин успеваш да го извлечеш најдоброто од твојот тим?

Синџирот е цврст колку што е цврста најслабата алка, максимална подршка на секој член од тимот да биде најдобрата верзија од себе и најефикасно да ги исполни индивудуалните цели со што би дал максимален придонес во остварувањето на заедничката цел…

  • Кој е најдобриот дел од работата во ИутеКредит?

Насмевката на лицето на клиентот е бесценета, задоволството на продавачот кој остварил продажба, брзото и кохезивно функционирање во решавање на ситуациите,  разбирањето и подршката од менаџментот и секако неповторливите тим билдинзи ?

  • Која  е тајната формула за постигнатиот успех во работата?

Ако не можеш да трчаш оди, ако не можеш да одиш влечи се, но никогаш не престанувај да го даваш максимумот во секоја ситуација која секој ден е шанса за нов успех и ново исклучително искуство…

 

 

Извор: ИутеКредит Македонија

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...