Песната, музиката, дружењето и споделувањето убавини не признаваат разлика во годините, ниту пак се важни временските прилики. Тоа се докажа и на манифестацијата “Гурман фест”посветена на дојранската софра, музика и култура.
Она што е многу поважно од сите надворешни фактори е празнувањето и одбележувањето на народниот мелос, чувањето и негувањето на македонската етно традиција, музичкото творештво и нашата дојранска културна ризница, ризница која не обединува, ни е заедничка нишка, не зближува и преку ваквиот вид на манифестации ја чуваме традицијата на Дојран од заборав.
Токму таква музичка ревија му доликува на Дојран, еден од најопеаните градови во Македонија и соседството.
“Мерак меана” заедно со инзворедните артисти докажаа зошто го заслужуваат медиумското внимание кое им се посветува.
Професионалци во музиката, изведбата, сценскиот настап.
Здружението на жени“ Дојрана” и овој пат ги покажаа неверојатните кулинарски способности. Ние како домаќини, но и многубројните гости, вљубеници во автентичните вредности беа воодушевени од разновидноста и богатството на трпезата.
Рибата подготвена на мал милион начини му даде посебен белег на настанот.Може да се заклучи дека се на се, манифестацијата беше за паметење. Дружба, песни, ора, насмеани и ведри лица. Дожд на отворено, но сонце и радост во душите.
Дојран, те сакаме, вчера и денес и засекогаш – ќе ги одбележуваме значајните работи кои ги носиш како белег, затоа што ти тоа заслужуваш.
Извор: Општина Дојран