spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингЕСП Скопје: Ефективно водење состаноци

ЕСП Скопје: Ефективно водење состаноци

Цел на обуката

Целта на обуката е стекнување и/или подобрување вештини за ефективно водење состаноци со користење на соодветни алатки и техники. По комплетирање на обуката, учесниците ќе можат: да планираат состаноци; да изготвуваат агенди; ефективно да отвораат и водат состаноци; да се справат со непродуктивно однесување на состаноци; да препознаат критична точка за време на состанокот и да употребат техники за справање; да контролираат состаноци; да затвораат состаноци и друго.

Опфат – теми

  • Вовед
  • Состаноци и цели
  • Состаноци од далечина
  • Чекори за планирање на состанок
  • Планирање и известување
  • Подготовка за состанок
  • Подготовка на агенда
  • Агенда (содржина, главни теми, временска рамка, друго)
  • Планирање на содржина и процес на состанок
  • Одредување временска рамка за давање збор и дискусија
  • Точно определена и навремено доставена процедура за текот на состанокот
  • Одредување место и време или онлајн-платформа
  • Навремено известување
  • Основи на ефективен состанок
  • Најдобри и најлоши состаноци
  • Алатки и техники за отворање и водење состаноци со физичко присуство и од далечина
  • Водење состаноци
  • Препознавање на критична точка и справување
  • Техники за справување со непродуктино однесување
  • Техники за водење ефективен состанок
  • Начини за контрола на состанок
  • Затворање состанок
  • Методи, техники и алатки за ефективно водење состаноци
  • Друго

Целна група

Оваа обука е наменета за вработени коишто организираат и водат состаноци, како и за сите учесници кои сакаат да се стекнат со вештини на ефективно водење состаноци.

Методологија на работа

Обуката е од интерактивен карактер со практични и применливи вежби, како и употреба на визуелни помагала и од страна на учесниците (ЛЦД проектор, лап-топ и/или компјутер, флип-чарт и друго). Онлајн-обуката се одвива преку платформа за онлајн-обуки.

Материјали

Презентациска скрипта; формулари како обрасци и другите дополнителни материјали кои ќе може да се користат при подготовка на презентации ќе бидат доставени по е-пошта до секој од учесниците.

Времетраење

  • При физичко присуство, обуката е еднодневна. Вкупно 6 часа.
  • Во целост е прилагодена за онлајн-обука и се одржува двапати неделно по 3 часа во период од 1 недела.

По завршувањето на обуката се добива Сертификат за учество.

Повеќе информации и пријавување на:

тел. 3246-041; 075 446-686

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...