spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСарај: Меморандум за соработка со непрофитна хуманитарна организација ЛЕГИС

Сарај: Меморандум за соработка со непрофитна хуманитарна организација ЛЕГИС

На средбата што ја остваривме со претседателот на организацијата, г-дин. Јасмин Реџепи и кординаторот на проектите г-ѓа Нермине Хамиди разговаравме за проектите и активностите на организацијата кои главно се насочени кон хуманитарна помош и подигање на свеста за давање на потребната помош.
ЛЕГИС е непрофитна хуманитарна организација на граѓанското општество која ја обезбедува потребната хуманитарна и правна помош на бегалци, баратели на азил, ВРЛ, нерегуларни и притворени мигранти и луѓе на кои им е потребна. Легис, исто така, учествуваше и водеше многу кампањи, проекти за собирање финансиски средства и волонтерски активности за човечката заедница и на локално и на глобално ниво.
Со потпишувањето на овој меморандум, општина Сарај во законските рамки ќе обезбеди поддршка за реализација на заеднички хуманитарни активности и други проекти од областа на младите, образованието и културата на територијата на општина Сарај.

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...