И вработените во општина Струмица ги усогласи платите со порастот на минималната плата преку минамална плата

СиндикатиИ вработените во општина Струмица ги усогласи платите со порастот на минималната...

Најчитано

На ден 30.06.2022 година, во просториите на Општина Струмица, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Струмица. Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпишаа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Струмица Никола Стоилов од едната страна и Градоначалникот на Општина Стумица Костадин Костадинов од дргата страна.

Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Струмица и тоа усогласување на платите со порастот на минималната плата, зголемен износ на регрес за годишен одмор, исплата на јубилејни награди и можност за исплата на 13-та плата.

 

Градоначалникот Костадинов, истакна дека во овие сложени услови за работа, работодавачите мора да им помогнат на вработените и со потпишување на Колективниот договор и усогласување на платите со порастот на минималната плата, ќе се амортизира ударот на инфлацијата.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, изрази големо задоволство од постигнатите решенија и потпишвуањето на Колективниот договор и истакна дека само преку социјален дијалог можат да се решат сите отворени прашања на вработените.

 

 

 

Извор: УПОЗ

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе