spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Дигитализацијата и иновациите во јавните услуги се ургентна потреба

МИОА: Дигитализацијата и иновациите во јавните услуги се ургентна потреба

Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити завчера во Баку се сретна со претседателот на Државната Агенција за Јавни Услуги и Општествени Иновации под покровителство на претседателството на Република Азербејџан, г.Улви Мехдиијев.
На средбата што беше конструктивна, зборуваа за полето на дигитализацијата и иновациите во процесите и јавните услуги како една ургентна потреба.
Разменија и различни идеи што се поврзуваат со благосостојбата на граѓаните, бизнисите и државата.
Искуството на Азербејџан во ова насока придонесува многу за нас, во реализација и имплементација на нашите проекти.
Фокус на дискусијата беа можностите за соработка и продлабочување на добрите односи меѓу двете земји.
Алити му се заблагодари на претседателот за поканата и за подготвеноста да го споделат искуството и се договорија да ги официјализираат идните соработки.

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...