spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Имаме планови за унапредувањето на електронските системи

МИОА: Имаме планови за унапредувањето на електронските системи

Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити, при неговиот престој во Баку, Азербејџан, го посети Центарот за развој на „Е-Влада“ и се сретна со директорот на овој центар, г-дин Фариз Т. Јафаров.
На оваа средба разговараа за можностите, предностите, како и за важноста од развивање на употребата на „е-влада“ во поедноставување и олеснување на процесите за граѓаните.
Плановите за иднината, нашите напори за унапредување на електронските системи, нивното функционирање и имплементација во пракса беа исто така во фокусот на дискусиите.
Успехот на Државната агенција за јавни услуги и општествени иновации под покровителство на Претседателството на Република Азербејџан во овој поглед е индикатор кој го докажува квалитетот на услугите.
Соговорниците се договорија дека треба да ја продолжат соработката и дека ќе бидат во контакт за конкретни чекори.

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...