spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВладата партнерски низ дијалог и консултации носи одлуки во интерес на иднината...

Владата партнерски низ дијалог и консултации носи одлуки во интерес на иднината на сите граѓани

Денеска во рамки на консултативните средби за европскиот предлог за евроинтеграции на Северна Македонија, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски одржа средба со претставници од граѓанскиот сектор, експерти од различни области, професори и политички аналитичари.

На брифингот се дискутираше за европскиот предлог за просперитет на Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски упати благодарност за придонесот што го даваат граѓанскиот сектор и експертската јавност во овие клучни моменти за државата.

При тоа премиерот Ковачевски посочи дека Владата партнерски низ дијалог и консултации носи одлуки во интерес на иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија. Премиерот Ковачевски истакна дека Владата нема дилеми за стратешкиот правец на државата и одлуките што ќе се носат ќе бидат на прогресивната страна со јасна заштита на јазикот и идентитетот на државата да одлучиме дали сме на прогресивната страна.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...