spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Реализирана исплатата за заклани гоеници од програмата за спроведување на интервентен...

АФПЗРР: Реализирана исплатата за заклани гоеници од програмата за спроведување на интервентен фонд во земјоделството

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека е реализирана исплатата за подмерката од програмата за спроведување на интервентен фонд која предвидува дополнителна помош за свињарскиот сектор.

Имено, исплатени се 78.3 милиони денари како финансиска поддршка за одгледани и заклани гоеници во регистрирани кланични капацитети. Финансиската поддршка пропишана во интервентниот фонд изнесува 1500 денари по грло гоеница со тежина од над 90 килограми, а корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале најмалку 5 гоеници во перидот од 1 февруари 2022 до 30 април 2022 година.

 

Дополнително во рамки на тековната реализација на интервентниот фонд, извршена е исплата и на 1538 баратели на финансиска поддршка за набавка на вештачки ѓубрива во висина од 22.4 милиони денари. Исто така, исплатени се и 9 производители на конзумни јајца со финансиска поддршка од 671 илјада денари по основ на финансиска поддршка за огледување на кокошки несилки.

 

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со тековните исплати од програмите за директни плаќања, рурален развој и интервентниот фонд со цел оддржување и зголемување на земјоделското производство преку обезбедување на државна финаниска поддршка за земјоделските стопанства кои се занимаваат со растително и животинско производство.

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

МЗШВ: Николовски во посета на малата винарија Киево во Карбинци –...

0
Заедно со земјоделците имаме постигнато многу резултати во земјоделството. Нема населено место низ државата каде нема да сретнете некоја успешна земјоделска приказна. Поддржана токму...