spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Меѓународно искуство во областа на енергетската ефикасност

Карпош: Меѓународно искуство во областа на енергетската ефикасност

Општина Карпош со свој претставник од Секторот за екологија и енергетска ефикасност учествуваше на летната школа за енергија во заедницата која се одржа минатата недела во Солун, Грција. Летната школа се организираше во рамки на програмата „Европска Академија за Граѓанска Енергија– ЕУЦЕНА“ во организација на енергетската задруга „Електра Енерџи“ и Европската федерација за енергетски задруги „РЕСКУП“, финансирано од ЕУ Хоризон 2020.

Главната цел на летната школа е да започне формирање на Балканска енергетска мрежа на заедницата преку растечка заедница на амбасадори и да го поддржи растот на енергетските заедници во источниот регион на Европа.

Во таа насока, летната школа овозможи вмрежување на сите засегнатите страни за енергетска заедница од Балканот, размена на знаење, алатки, вештини и добри практики. Исто така, стекнатото искуство придонесе кон консолидирање на движењето за енергија во заедницата во Југоисточна Европа, каде граѓанската енергија тукушто се развива, преку соработка со партнерите од Централна Европа, каде веќе постои традиција за граѓанска енергија.

Граѓанското движење за енергија ја истакна потребата на граѓаните и локалните заедници да пристапат до обновливите и достапните извори на енергија, како што се соларната и ветерната енергија, и активно да придонесат за транзицијата кон праведен, демократски и инклузивен енергетски систем низ Европа.

Во рамки на настанот, претставникот од Секторот за екологија и енергетска ефикасност, Марина Филипоска ги презентирање досегашните достигнувања и активности на Општина Карпош, во насока на сопствено производство на електрична енергија од обновливи извори, имплементација на мерки за енергетска ефикасност во јавните објекти во надлежност на Општината, како и поддршката која локалната самоуправа ја дава на резиденцијалниот сектор со цел подобрување на енергетската ефикасност. Притоа, ја истакна потребата од измена и усогласување на повеќе подзаконски акти кои ќе придонесат за зголемен интерес на граѓаните за сопствено производство на енергија, отворање на нови можности со формирање на енергетски задруги, праведна  енергетска транзиција каде што, освен крупните инвеститори и секој граѓанин ќе може да инвестира во капацитети за производство на електрична енергија, нови пристапи кон решавање на проблемот на енергетска сиромаштија и улогата на локалната самоуправа.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...