spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаСо кукавичко претседателство толку можеме – Пендаровски се откажа од писмените гаранции...

Со кукавичко претседателство толку можеме – Пендаровски се откажа од писмените гаранции од Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски на 16-ти јуни изјави дека од Брисел и Софија требаме да добиеме писмени гаранции дека „евентуалното“ отварање на македонскиот Устав, ќе биде последно барање на Бугарија и таа нема да наметнува нови услови и да го кочи понатамошниот процес.

Вчера, на 3-ти јули, Пендаровски ги ослови „гаранциите“ како излитена форма на политичко фантазирање и додаде дека такви гаранции не постоеле во историјата на ЕУ интеграциите. За Претседателот кој се демантира себеси, вредно е да напоменеме дека во „францускиот предлог“ постојат невидени преседани – за јазик и идентитетски карактеристики и за можноста на затворени поглавја од преговорите официјална Софија да вложува вето до недоглед.

Предлогот, како опасен и неевропски преседан, го оцени и поранешниот Евроамбасадор Ерван Фуере, кој констатира дека Бугарија го злоупотребува членството во ЕУ за да наметне сопствена верзија на настани во врска со јазикот и историјата и се однесува како колонијална сила кон македонскиот народ и нација, наметнувајќи свои позиции. Дури Фуере потенцира дека наметнувањето промена на Уставот пред отпочнувањето на преговорите, додека нема реципротитет, посочува дека ЕУ прифаќа што Бугарија ги прекршува заложбите под Европската конвенција за човекови права и пресудите на Европскиот суд за човекови права во врска со постоењето на македонско малцинство во Бугарија.

Кабинетот на Претседателот, на Премиерот и МНР се свесни дека во предлогот не постојат гаранции дека нема да има натамошни бугарски условувања, туку има нивно втемелување – затоа што бугарските барања стануваат составен дел од преговарачката рамка. Сите овие државни елементи, преку дипломатски канали имале директна комуникација со Софија, како и преку медијација на Париз и учествувале во изготвувањето на предлогот, во кој се појавуваат бројни негативни преседани, иако во јавноста постојано излегуваа со нејасни изјави и целосни лаги.

Претседателот Пендаровски, кој ја манипулира и лаже јавноста и својата некомпетентност ја крие позади привидот за Македонија како земја која не може да добие подобри услови – треба да признае дека овој пораз, ќе остане запаметен како преседан во македонската историја, кога македонски државници – квислинзи, ги поставиле темелите за идното разнебитување на државата со која управуваат.

Против квислинзите и домашните издајници – на македонскиот народ, јазик и историја, кои го рехабилитираат фашизмот и ја ревидираат историјата на бугарската фашистичка окупација, имаме анти-фашистичка и македонска одговорност да кажеме НЕ – вечерва пред Влада!

Република Македонија може да се заштити, и да ги возобнови своите меѓународни позиции – со компетентен државен врв и дипломатија.

 

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте