spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Се подобрува водоснабдувањето во Раборци

Струмица: Се подобрува водоснабдувањето во Раборци

Градоначалникот Костадин Костадинов со соработниците и директорот на ЈПКД „Комуналец“ Зоран Горгиев, извршија увид во градежните работи на водоводниот систем во населеното место Раборци.

Овој проект за кој се обезбедени 2,7 милиони денари од општинскиот буџет, предвидува изградба на нови водоводни линии во  вкупна должина од 1.537 метри од кои досега се изградени околу 1000 метри. По реализација на главната водоводна мрежа, ќе следува изведба на секундарни линии и нивно приклучување до домаќинствата.

Текот на реализација на овој проект само покажува дека Општина Струмица ги следи и почитува барањата на граѓаните и соодветно постапува по истите. Овој проект и сите останати кои се во тек ја потврдуваат нашата силна фокусираност кон подобрување на животот на граѓаните, како во градот така и во сите населени места во општина Струмица.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Струмица 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...