spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Се промовираше „Патоказот за развој на биоекономијата во струмичкиот регион“

Струмица: Се промовираше „Патоказот за развој на биоекономијата во струмичкиот регион“

Струмичкиот регион, преку SDEWES-Скопје, е дел од проектот BE-Rural финасиран од програмата „Хоризонт 2020“ на Европската Унија. Проектот има за цел доближување на концептот на биоекономија кон чинителите во регионот, мапирање на можностите и потенцијалите на регионот, како и развивање на патокази и стратегии за остварување на биоекономијата.
Денеска во домот на АРМ се одржа промоција на „Патоказот за развој на биоекономијата во струмичкиот регион“.

Општина Струмица и целиот струмички регион имаат добри потенцијали за развој на биоекономијата. Во прилог на ова оди географската поставеност на нашиот регион кој граничи со две земји-членки на Европската унија, која нуди полесно ползување на европските практики во тој домен, но и неговите природни специфики на земјоделски крај, кои сами по себе ја нудат можноста за производство на органски материјали од земјоделски активности.

 

 

 

 

Извор: Општина Струмица

Прочитајте

Илинден: Ученици од ООУ „Гоце Делчев“ на прием кај градоначалникот ...

0
Во рамки на воспитно-образовната програма во ООУ„Гоце Делчев“, ученици од четврто одделение беа во посета на градоначалникот, Александар Георгиевски и локалната самоуправа. Градоначалникот Александар  Георгиевски...