spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Засилено работиме на енергетска транзиција на земјата за поголема независност од...

МЕ: Засилено работиме на енергетска транзиција на земјата за поголема независност од енергенси

Северна Македонија засилено работи на мерки и проекти во делот на енергетиката за зголемување на домашното производство на електрична енергија од обновливи извори. Во националното законодавство ги имплементиравме сите политики и почнавме со зелена трнзиција. Но, како мала земја и мал пазар ние сме енергетски зависни. Енергетското поврзување со регионот, изградбата на нови интерконектори за природен гас со соседните земји ќе значи диверзификција на изворите со снабдување со енергенси и помала зависност од Русија, порача министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на панел дискусијата Синергија во адресирање на енергетските предизвици на енергетскиот форум МЕФ 2022  кој се одржува во Охрид.

Министерот Бектеши кажа дека во делот на снабдување со гас земјата во моментот е целосно е зависна од рускиот гас.

“Северна Македонија има само еден гасовод со Бугарија кој е целосно закупен од Гаспром, доколку Гаспром одлучи да ја прекине испораката за Северна Македонија тогаш земјата нема други извори за снабдување во моментов. До крајот на годината очекуваме да започне изградбата на интерконекторот за природен гас со Грција со што ќе се намали нашата зависност од руски гас” кажа Бектеши.

Министерпт информираше дека земјата во последните неколку години целосно ги транспонираше европските енергетски политики.

“Имајќи ја во предвид Националната стратегија за развој на енергетиката донесена во 2019 година беше изготвен Национален план за енергија и клима кој ги опфаќа сите димензии на Европската унија односно:декарбонизација,енергетска ефикасност, безбедност во снабдувањето со енергија, внатрешен пазар на енергија, истражување, иновации и конкурентност” кажа министерот.

Министерот Бектеши кажа дека државата ги разгледува сите можности и проекти во делот на инвестиции за зелена транзиција на земјата и потенцираше дека во моментов клучна инвестиција е изградбата на интерконекторот со Грција.

“Северна Македонија е вклучена во првата регионална Платформа на Европската Унија за купување на енергија на која ќе се решаваат регионалните потреби за гас, струја,инфраструктура, цени и намалување на зависноста од рускиѕе извори на енергија. Очекуваме конкретни мерки и чекори од оваа Платформа со оглед на очекувањата за продлабочување на енергетскта криза во Европа” кажа министерот.

Македонскиот енергетски форум МЕФ 2022 се одржува денеска и утре во Охрид и на него е предвидено да учествуваат повеќе од 50 домашни и интернационални панелисти, експерти, високи институционални претставници и останати клучни чинители во енергетскиот сектор во вкупно седум панели, а главниот фокус на овогодинешното издание е ублажување на тековната енергетска криза преку праведна и демократска енергетска транзиција.

 

 

 

Извор: Министерство за економија 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...