Инструмент за претпристапна помош (ИПА)
Твининг Проект „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка за квалификации”
Реф. бр. : MK IPA 17 SO 01 21
има потреба од ангажирање
Преведувач/толкувач на постојаниот твининг советник (ПТС преведувач/толкувач)
Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка за квалификации“ е заеднички проект помеѓу Република Северна Македонија и Република Литванија, претставуван од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и Министерството за образование, наука и спорт на Република Литванија.
Главната цел на проектот, кој е имплементиран од конзорциум од релевантни државни институции од Литванија, Франција и Словенија, е дополнително зајакнување и операционализација на Националната рамка за квалификации (НРК), со цел да се зголеми вработливоста, мобилноста и социјалната интеграција на работниците и учениците.
Проектот бара преведувач/толкувач на постојаниот твининг советник (ПТС преведувач/толкувач) чии активности вклучуваат помош на ПТС во координацијата и управувањето со твининг проектот преку активности кои вклучуваат превод и толкување за време на имплементацијата на проектот. Проектот започна на 1 октомври 2021 година и ќе трае 27 месеци, до 31 декември 2023 година.
ПТС преведувачот/толкувачотќе биде ангажиран со полно работно време со договор за услуги и ќе биде со работна локација во Скопје. Лица кои имале каков било договор за ангажман со државната администрација во претходните шест месеци нема да бидат земени предвид за оваа позиција.
Задачите на преведувачот/толкувачот вклучуваат:
– Превод и толкување на дневна основа;
– Превод на сите документи поврзани со проектните активности (законодавство, извештаи од мисијата, кореспонденција, краткорочни презентации на експерти, итн.);
– Толкување за постојаниот твининг советник и експертите на сите состаноци, работилници, семинари, конференции итн;
– Обезбедување помош при подготовка на документи поврзани со проектот;
– Учество во студиски посети со цел превод и толкување помеѓу учесниците, институциите и ПТС;
– Обезбедување помош околу целата канцелариска работа, организирање состаноци, помош на ПТС и асистентот на ПТС во с? што е потребно за непречено функционирање на проектот.
Потребни квалификации за кандидатите:
Преведувачот/толкувачот ќе биде избран согласно следните критериуми:
Потребни вештини и искуство:
– Завршено високо образование на академски студии од најмалку VII/1 или 240 кредити според ЕКТС,предност ќе имаат кандидатите со завршени универзитетски студии по англиски јазик, и/или искуство со превод и толкување не помалку од 3 години;
– Течно зборува и пишува македонски јазик со одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик;
– Практично искуство во секојдневни активности поврзани со поддршка за превод и толкување на меѓународните советници/експерти;
– Искуство на проекти финансирани од меѓународни донатори, на пример: проекти финансирани од ЕУ, како што се твининг проектите, ќе бидат предност;
– Одлични компјутерски вештини (MS Word, Excel, Интернет, итн.);
– Одлични организациски вештини;
– Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини.
Кандидатите треба да ја испратат нивната биографија (во формат Еуропас) со мотивационо писмо на англиски јазик на електронската адреса jolita.butkiene@mon.gov.mk со наслов „RTA Language Assistant“ до 17 јули 2022 година. Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат поканети на интервју.
Документи кои треба да се приложат во скенирана верзија како дел од апликацијата:
– Диплома/уверение за стекнато високо образование на академски студии од најмалку VII/1 или 240 кредити според ЕКТС, предност диплома/уверение од филолошки факултет;
– Меѓународно признат сертификат за познавање на јазикот (доколку е применливо);
– Препораки од претходниот работодавач/и (доколку е применливо).
Овој проект е финансиран од Европската Унија.