spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Ана Котевска која го искачи врвот Чимборазо на средба со градоначалникот...

Битола: Ана Котевска која го искачи врвот Чимборазо на средба со градоначалникот Коњановски

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски одржа состанок со битолчанката Ана Котевска, која го искачи врвот Чимборазо, најодалечената точка од центарот на земјата, која се наоѓа на 6263 метри надморска височина.

Котевска на состанокот зборуваше за подготовките кои му претходеа на големиот успех, за нејзината голема љубов кон планината, а го долови и прекрасното чувство и поглед кон убавините на Андите. Во досегашниот период Ана има искачено четири врвови на Еквадорските Анди, а со најновиот подвиг, за првпат се искачи на надморска височина над 6000 метри.

Градоначалникот Коњановски и честита на големите успеси, заблагодарувајќи и се што на овој начин покрај што претставува вистински пример за развој и поттикнување на спортскиот дух кај младите, истовремено е и вистински промотор на градот во меѓународни рамки.

 

 

 

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...