spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Асфалтирање на улицата „Македонска фаланга“

Битола: Асфалтирање на улицата „Македонска фаланга“

Градежните активности за реконструкција на улицата „Македонска фаланга“, влегуваат во завршна фаза.

За време на асфалтирањето на улицата, увид на работата на терен изврши градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој информираше за комплетното уредување на овој простор, кое се реализира преку проектот за реконструкција на ул.„Македонска фаланга“ и вклучува промена на канализационата мрежа на улицата, решавање на проблемот со атмосферските води, асфалтирање, поплочување на тротоарите со гранитни плочки и ново улично осветлување.


Улицата „Македонска фаланга“ е 11 та улица која се финализирана оваа градежна сезона, како дел од проектот на градоначалникот Тони Коњановски за „Реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици“ во 2022 година.

 

 

 

 

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...