spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Нова атмосферска канализација на улицата Кораб - над 16 милиони...

Град Скопје: Нова атмосферска канализација на улицата Кораб – над 16 милиони денари за подобрување на инфраструктурата во општина Карпош

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со директорот на ЈП Водовод и канализација, Златко Перински, извршија увид на реконструираната атмосферска канализација по улицата Кораб во општина Карпош.

– Продолжуваме со реализација на проекти за подобрување и унапредување на инфраструктурата во општина Карпош. За реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект инвестирани се над 16 милиони денари. Новата атмосферска канализација на улицата Кораб го решава долгогодишниот проблем со поплавувањето на оваа локација во услови на обилни врнежи – истакна Арсовска.

Во рамките на овие градежни активности на улицата Кораб во општина Карпош е изградена нова атмосферска канализација во должина од 367 метри. Со реализацијата на атмосферскиот колектор со дијаметар 800мм по улица Кораб започнува прифаќањето на водите од отворениот канал кој се протега по јужниот дел покрај улицата Козле 1, како и водите од површините на улиците, крововите и дворовите на постојните и предвидени објекти со ДУП по улицата Кораб и оние кои гравитираат кон неа. Со реализација, пак, на новопредвидениот атмосферски канал со дијаметар од 1000мм по источниот дел на улицата Јуриј Гагарин, приклучен во постојниот атмосферски колектор со дијаметар на цевка од 1000мм по сервисната улица Јуриј Гагарин, со отворање на нова ревизиона – приклучна шахта, започнува прифаќањето на веќе канализираните води од атмосферската канализација со дијаметар на цевка 300мм од источниот дел на улицата Јуриј Гагарин.

– Продолжуваме со планираните инвестиции на ЈП Водовод и канализација, само во општина Карпош за улицата Софиска и улицата Кораб во изминатиов период реализирани инвестиции од над 24 милиони денари и истите се завршени во предвидениот временски период. Продолжуваме посветено да работиме на изградба на нова и на подобрување на постоечката водоводна и канализациона мрежа во Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за граѓаните – вели Перински.

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте