spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаМЗШВ: Министерот Љупчо Николовски гостин во емисијата Македонија наутро

МЗШВ: Министерот Љупчо Николовски гостин во емисијата Македонија наутро

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски беше гостин во емисијата Македонија наутро на првиот канал на Македонската Радио Телевизија.

Новиот концепт на осигурување и заштита на земјоделското производство и резултатите од мерките кои ги донесовме за поддршка на домашното производство пред се на житни култури, беа дел од темите на кои одговор даде министерот Николовски.

“Концептот кој го работиме за осигурување на земјоделското производство има за цел да бидат осигурани сите земјоделци. Тоа ќе биде и еден од условите за исплата на субвенциите, а земјоделците повеќе нема да бидат во страв и незивесност. Новиот коцепт предвидува висината на полисите да ја утврдува државата, тие да бидат пониски, а со многу поголем опфат на ризици од досегашните полиси. Новиот концепт предвидува донсесување на нов закон за осигурување во земјоделството каде се регулира и исплатата на штетата кон земјоделецот. Се предвидува ново побрзо и подобро решение за земјоделците, односно исплатата за настаната штета ќе биде извршена во текот на истата година кога  е настаната штетата“ истакна министерот Николовски објаснувајќи го новиот концепт за осигурување на заемјоделското производство.

Презентирајќи ги мерките кои министерството и Владата изминатиов период ги подготвија за поддршка на земјоделците во услови на криза, министерот Николовски го изрази своето задоволство од резултатот и заинтересираноста на земјоделците за мерките кои им се ставени на располагање за поддршка.

“Граѓните можат да бидат спокојни дека ќе имаме доволни количини на стратешки култури и доволно хранаНавремено подготвивме мерки за поддршка на секој еден земјоделец преку Националниот план за производство на храна. Радува големиот интерес кај земјоделците за аплицирање по мерките за поддршка при набавка на вештачко ѓубриво, како и големиот интерес со склучени 258 договори за земјоделско земјиште за обработка на житни култури. Озвоможивме и дополнителна мерка од 100 евра за остварен зголемен принос од еден хектар па нагоре за површини под житни култури. Добрата откупна цена која ја има за јачменот, а очекувам добра цена и за пченицата, но и добар принос, ги потврдува резултатите од мерките за поддршка на домашното производство. Она на што инсистираме овој период е целото домашно производство на стратешки култури, пред се, да заврши во домашни преработувачки и откупни центри“ истакна министерот Николовски.

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...