spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииКолумна на Богданка Кузеска: ХЕРОИ И ЛИДЕРИ

Колумна на Богданка Кузеска: ХЕРОИ И ЛИДЕРИ

Историјата на човештвото познава херои и лидери. На секоја нација ѝ се потребни за опстојување и искористување на потенцијалот на државите. Хероите се дел од митологијата, лидерите, пак, се дел од политиката.

Живееме во време кога емоциите се пред ерупција, а доколку бидеме чесни и веќе протекуваат, така што исклучително е тешко да ги погледнеме фактите и со ладна глава да пресметаме.

Но, пред аргументите и ботовите молчат, се разбира во идеална демократија, така што доволно е само да имаме отворен ум и волја да слушаме, да слушнеме и да се обидеме да ги согледаме прецизните факти и да направиме споредба со нашата љубов кон Македонија. Милијарди евра недостижна бројка е грубата пресметка на грабежот на граѓаните во периодот кога власта беше во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.

ЖАЛНИ ВРБИ И ГАЛИИ

Голем дел од тие пари ги гледаме како ѕидина, како луксузна Бела палата, во спомениците. Од толку голема љубов кон државата, на народот му понудија жални врби и галии, кои не пловат никаде.

Вакво потценување на сопствениот народ до сега не е видено. И, да сме на јасно, мислам на Христијан Мицкоски, кој нема допирна точка со реалноста.

Во време кога во Украина, на нашиот континент се води војна, кога имаме агресија врз сојузничка европска земја, Мицкоски ја испрати пораката дека тој „веќе“, „не е за Европа“. Навистина? Тогаш нека му е со среќа, бидејќи Македонија одамна уште пред 30 години ги избра сојузниците, односно западните демократии.

Но, да се вратам и на закотвените галии, кои за мене се симбол на изолираноста на државата, која не мрдаше од место, свесно раскарана со соседите, за неколкумина да уживаат во рајот што само за себе си го создале.

Од друга страна е Европската Унија, која како најголем финансиски партнер на нашата држава и само во периодот од 2007 година до 2021 нѐ поддржала со далеку над 100 милиони евра за развој на државата во различни области.

Овие пари не доаѓаат од сметката на Груевски во Будимпешта, тој тие пари ги испраќа на медиуми во Македонија. Овие пари доаѓаат од даноците на граѓаните во тие земји, и да, ова се пари што ги користат политичарите што се и биле на власт, сите независни организации, без разлика на нивната стратешка определба.

И доколку вака ги согледаме нештата, се поставува прашањето кој е навистина пријател на Македонија, а кој е непријателот? Кои се хероите, а кои се лидерите?

ЕУ И САД НЕ НИ МИСЛАТ ЛОШО

Во 2008-та можевме да влеземе во НАТО без ерга омнес, односно со име само за надворешна употреба. Убедена сум дека ако тогаш влезевме во НАТО, оваа 2022 ќе зборувавме за членство во ЕУ, а не за почеток на пристапни преговори.

Ако има вистина во познатата „љубовта се покажува со дела“, тогаш одговорот е јасен. Сите овие аргументи се базата врз која се гради довербата за да бидеме сигурни дека ниту ЕУ, ниту САД не ни мислат лошо.

Дали сега треба да почнеме да се сомневаме? Апсолутно, не! Пред нас е предлог на кој треба да му се даде шанса. Македонскиот јазик гарантиран, без фусноти. И како Македонци што говорат македонски јазик ќе станеме дел од ЕУ.

СДСМ и владата покажаа дека знаат да кажат НЕ, знаат да направат и компромис што ги штити црвените линии. Со што се обидува да нѐ заплашува докажаната политичка криминална структура, од која половина отслужуваат затворски казни? Со бугаризација? Тоа е некаква зараза, вирус што се шири? Од каде извира тој страв?

Постоиш ти, постојам јас! Во Република Северна Македонија

живеат граѓани што се чувствуваат како Бугари, живеат и Македонци. Зошто не сакаме да видиме дека ја правиме разликата, која во заборав ќе ја испрати националистичката „еден народ, две држави“?

Македонскиот народ никој не успеал да го асимилира, а камоли денес, во 21 век на маса на која седат земји-членки на ЕУ, кои ни ги признаваат македонскиот јазик и идентитетот.

На тој наш најубав македонски јазик, во срцето на православието, Цариград (Истанбул) се читаше „Оче наш“, како круна на решавањето на уште едно децениско горливо прашање – признавањето на МПЦ-ОА.

Македонците се горди на својата историја и историјата ќе си ја браниме. А, денес е време да испишеме една поинаква иднина, подобра, посигурна, посветла. Да не дозволиме да останеме во закотвените галии со поглед кон жалните врби.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...