Одговорност за насилните протести мора да има, која е улогата на Драган Ковачки во неуспешното крваво сценарио?

Политички партииОдговорност за насилните протести мора да има, која е улогата на Драган...

Најчитано

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Изминатите неколку денови се случија насилни протести, тензии но и обид за крваво сценарио за предизвикување етнички конфликт, кое не успеа.

Главен режисер и сценарист е Христијан Мицкоски, заедно со неговиот прорускиот партнер Левица и коалицискиот партнер Алијанса.

ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица, помогнати од Алијанса се обидоа во среде Скопје да испровоцираат меѓуетнички конфликт од огромни размери.

Глумејќи жртва, ова крваво сценарио требаше да предизвика етнички конфликт, да поттикне спирала на насилства, тензии и обид за државата да се дестабилизира.

Сценариото на ВМОР-ДПМНЕ и проруската Левица, помогнато од Алијанса е дело на атниевропски сили кои не и мислат добро на земјава.

Пиштолџијата, човекот кој лажно се тврдеше дека требало да го убие Мицкоски се потврди дека е брат на висок функционер на неговиот коалициски партнер Алијанса.

Инциденти и обид за насилен упад имаше и пред зградата на Собранието, и пред зградата на Владата. Лица со качулки, насилници, повредија 47 полицајци, на сцени кои потсетуваа на 27 април.

Безбедносни извори информираат дека во насилнички групи присутни се и групи платеници од странство.

Сето ова почитувани говори за сериозноста на одредени структури кои сакаат да ја дестабилизираат државата, да го повторат 27 април или 2001 година.

Затоа потребно е одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија да понесат сите инволвирани.

Која е поврзаноста на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки со овие настани?

Дали токму Ковачки ја коорднирал група на поранешни припадници на Армијата во ова крваво сценарио?

Сите надлежни институции се повикани на брза и одговорна постапка и одговор на сите прашања.

Откако нивните мрачни сценарија не успеаја, Мицкоски да си ги прибере пиштолџиите и да се откаже од насилството.

Вистината излезе на виделина, но се уште постои опасност од нови инциденти и провокации.

Ние заедно со граѓаните нема да дозволиме дестабилизација.

Институциите, безбедносните структури, нема да дозволат кој било да ја загрозува стабилноста на државата.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе